ФРЕСИНЕ | Армирана земја „Тerre Аrmée“

Оригиналната технологија на армирана земја

Reinforced Earth® структурите комбинираат избрани и контролирани грануларни полнења со челични или геосинтетички преднапрегнати ленти и модуларен систем за обложување, генерално составен од префабрикувани бетноски панели, заварени челични мрежи или полуелиптични челични панели. Оваа идеална комбинација создава долготрајна гравитациска конструција.

Оваа технологија може да се прилагоди за да одговара на потпорни ѕидови со различни висини, а може да издржи и големи сопствени товари и подвижни товари од поврзани структури, возила или друга опрема.

Со изградбата на стабилни ѕидови кои можат да носат големи товари со мали слегнувања, Reinforced Earth® може да се прошири и на крајните столбови, како директна потпора на горниот строј на мостовите.

Благодарение на флексибилноста на технологијата Reinforced Earth®, крајните столбовите на мостовите можат да се изведат и на слабо носива почва, генерално без потреба од длабоки темели. Reinforced Earth® може да се пофали со бројни предности во однос на овој тип на конструкции. Reinforced Earth® интегрирани лрајни столбови ја елиминираат или намалуваат потребата од лежишта и дилатациони спојници, значително намалувајќи ги оперативните трошоци и трошоците за одржување.

Кај голем број на мостови, централниот дел на мостот може директно да биде потпрен на крајниот столб на армирана земја, што ја елиминира потребата од столбови во вода и шипови за потпирање на централниот дел на мостот.

Уште од самиот почеток на примена на изумот Reinforced Earth®, истиот се користи во изградбата на коловозни конструкции, автопати и крајни столбови, во услови на ископ низ нерамен терен, и работа во услови на лоша или карпеста почва и нестабилни лосини.

Reinforced Earth® се користи и за други намени кај патните конструкции:

- Пристапни рампи за вијадукти и мостови

- Комплексни клучки на повеќе нивоа

- Конструкции на нерамен терен

- При проширување на патишта