ФРЕСИНЕ | Преднапрегнати плочи - Решенија за напрегнати таваници

Компанијата има исклучително знаење и експертиза за изградба на објекти од јавен интерес, со реализирани бројни успешни проекти ширум светот. Накнадното напрегањето, кое многу години вообичаено се користи во конструкциите, станува се повеќе распространето во високоградбата.

Сè поголем број архитекти и проектанти ги согледуваат неговите предности и го користат за изградба на згради. Современите трендови во архитектурата, како одраз на модерниот живот, им даваат предност на големи непрекинати подни површини, флексибилен внатрешен дизајн и модуларни простори, истовремено очекувајќи значително подобрување на издржливоста на зградите. Овие повеќекратни барања можат да се задоволат со помош на напрегање, кое  овозможува постигнување на  големи непрекинати површини, со минимален број на столбови и намалена дебелина на таваниците. Флексибилноста наво изведувањето - со помош на лесна опрема - и механичките карактеристики на системот Freyssinet, им нудат на архитектите, проектантите и инвеститорите, економично решение за проектирање на меѓукатни конструкции и тераси во широк спектар на објекти, како:

- деловни или станбени згради;

- подземни или катни гаражи;

- болници;

- училишта;

- трговски центри;

- индустриски објекти;

- спортски објекти;

- специјални конструкции (басени за наталожување, резервоари за складирање, и слично)