ФРЕСИНЕ | Опрема за заштита од земјотреси

Како еден од пионерите во развојот на опрема за сеизмичка заштита, Freyssinet нуди комплетна програма на производи и со нив поврзани услуги за сеизмичка заштита, добро позната под името  ISOSISM®.

Овие производи имаат широка примена во нови објекти, рехабилитација на постоечки објекти, санација на објекти по земјотрес, во различни типови на објекти како што се мостови и вијадукти, индустриски и енергетски постројки, објекти од културно значење, болницим училишта,...

Решенијата, кои се работат “по мерка“ на секој проект, исто така овозможуваат почетни заштеди од 15% при изградба, како и намалени трошоци за санација по земјотрес.

Примената на опремата за заштита од земјотреси овозможува значително олеснување на горниот и долниот строј на конструкциите.

Лежиштата се прилагодливи на сите национални и меѓународни стандарди и поседуваат СЕ ознака.