ФРЕСИНЕ | Дилатации

Дилатациони спојници на Freyssinet се дизајнирани да овозможат континуиран сообраќај помеѓу две конструкции со приспособување на сите видови движења во структурите што се јавуваат поради течење, собирање, температурни промени и деформации во услови на експлоатација. Поради тоа што дилатационата спокница е несомнено елементот кој е под најголем притисок во градежната конструкција. Како експерт за опрема за конструкции, компанијата Freyssinet развива производи кои успешно ќе ги задоволат специфичните градилишта и климатски услови, како и специфичните работни услови.

Freyssinet нуди сеопфатен асортиман на дилатациони спојници со мали и големи поместување, асфалтни, метални, еластомерни и модуларни, за патишта и железници.