ФРЕСИНЕ | Лежишта

Freyssinet нуди комплетен асортиман на лежишта дизајнирани за успешно да одговорат на работните ограничувања на секоја структура, исполнувајќи ги сите меѓународни стандради.

Освена како врска помеѓу столбовите и горните плочи на мостовите, лежиштата на Freyssinet може да се користат и на други видови на објекти, како што се стадиони, цевководи, згради.

Сите лежишта на Freyssinet подлежат на ригорозни внатрешни и надворешни контроли во сите фази на производство, со што се обезбедува континуитет на СЕ ознаката на сите производите на Freyssinet.

Проектантскиот тим на Freyssinet нуди најоптимални решенија за секој тип на конструкции, согласно прокетираните потреби, како и бараните стандарди.

Исто така, компанијата е специјализирана за инспекција и одржување/замена на лежишта.

Еластомерни лежишта

Еластомерните лежишта апсорбираат умерени оптоварувања, при тоа овозможувајќи значително ротационо движење.

Freyssinet нуди лежишта од природна и синтетичка гума, за да ги исполни различните национални и меѓународни стандарди (EN, BS, AASHTO, DIN,..).

Квалитетот на производството на овие лежишта се гарантира преку соодветни формули, контрола на смесите и на површинската обработка на челикот, како и преку процедурите за производство и моделирање.

Ригорозни внатрешни и надворешни инспекции се вршат во сите фази на производство, со што се обезбедува континуитет на СЕ ознака на производите на Freyssinet.

Лончести, сферични и специјални механички лежишта

Freyssinet поседува своја гама на лончести и сферични лежишта, TETRON® лежишта.

Лончестите лежишта на Freyssinet се карактеризираат со умерени големини, изработка по мерка на проектот, прилагодливост кон различните стандарди, економичност, различност на намените (на пр. како систем против прилизгување или подигнување). Сите нивни делови, вклучително и PTFE подлогата за движење, поседуваат СЕ ознака.

Сферичните лежишта на Freyssinet се карактеризираат со употребата на нов материјал како подлога за движење наместо чист PTFE, а тоа е ISOGLIDE® материјалот кој во голем број на случаи овозможува намалување на димензиите на лежиштето, коефициент на триење <2% во умерен температурен опсег и коефициент на триење <3,5% на многу ниски температури и 5 пати поголема трајност од PTFE, со особена трајност на ниски температури, што значително го продолжува животниот век на лежиштето. Лежиштата се прилагодливи на сите национални и меѓународни стандарди и поседуваат СЕ ознака.

Специјални лежишта кои се користат за примање само на хоризонталните сили, осцилаторни лежишта и слично.