ФРЕСИНЕ | Преднапрегање

Преднапрегање

Freyssinet поседува сертифициран систем за преднапрегање, наменет за различни примени на внатрешно и надворешно преднапрегање, како на инфраструктурни, така и на индустриски, стамбени и други видови на објекти.

Со цел да гарантира квалитетна услуга за своите клиенти на светско ниво, Freyssinet ги произведува гамите на производи за преднапрегање во својот индустриски оддел, Freyssinet Products Company (FPC), и целосно управува со производството, сервисирањето и управувањето со опремата за изведување на работите.

Воедно, согласно меѓународните барања за обезбедување на квалитет на изведувањето на работите на преднапрегање, Freyssinet поседува своја академија за преднапрегање и врши редовна и континуирана обука на своите вработени.

Freyssinet континуирано работи и на подобрување на призводите и технолгиите, а  воедно и поседува сопствен  центар за тестирање и лабораторија за испитување.

Коси кабли

Freyssinet е едне од светските лидер во областа на мостовите со коси затеги, со изведени на над 400 структури во светски рамки.

Во оваа технологија, која се развива уште од 70-тите години на минатиот век, производите на Freyssinet претставуваат репер за трајност и безбедност на објектите, преку:

- отпорност на замор

- висок степен на заштита од корозија преку својот изум на поединечно заштитени, целосно обвиткани јажиња

- лесна контрола и мониторинг

- лесно одржување

Во својата гама, Freyssinet нуди матријали и решенија за лесни конструкции, како и за конструкции со големи распони, преку анкерување на двата краеви на каблите или преку континуирани кабли водени низ седла со повеќе канали, со исклучиво висок степен на коефициент на триење, со што обезбедуваат примена на највисоките стандради за безбедност и трајност.

Висечки кабли

Косите кали на Freyssinet константно се подобруваат со цел да се обезбеди подобра отпорност на замор и поголема издржливост, но истовремено и за да се пренесат придобивките од овој кабел во други намени.

Така е развиен кабелот Cohestrand® за да ги задоволи потребите на висечките конструкции, каде што товарите се пренесуваат на висечките кабли со помош на затеги и закачалки.

Но, Cohestrand® најде ново поле на примена во висечките покриви на стадионите, каде што им нуди на архитектите уникатно флексибилни и лесни конструкции, со животен век од 100 години.

Произведувајќи ги своите производи самостојно, Freyssinet обезбедува највиск степен на квалитет и контрола на материјалите за преднапрегање, а воедно нуди и про-активен пристап во мониторирањето и одржувањето на конструкците во текот на експлоатацијата.

Материјалите, во зависнот од примената, ги поседуваат соодветните атести, сертификати и ознаки.