БЗР и Животна средина

Животна средина

Како дел од нашата голема еколошка амбиција, идентификувани се области за подобрување во три главни полиња (клима, кружна економија и биодиверзитет), а конкретни акциони планови се спроведуваат во секоја од деловните единици на Freyssinet. Нашата цел е да бидеме што е можно поодговорни на нашите работни места, во нашите работилници и канцеларии, но и да им помогнеме на нашите клиенти да го подобрат еколошкиот отпечаток на нивните инфраструктурни проекти, преку нашите одржливи технологии.

За заштита на климата работиме на намалување на:

Директни емисии

- Намалување на нашата потрошувачка на гориво и електрична енергија за 40% помеѓу 2018 и 2030 година

- Оптимизирање на потрошувачката на гориво на опремата и возилата на градилиштата

- Забрзано обновување на возниот парк на компанијата и сервисните возила со електрични или хибридни модели

- Охрабрување на вработените да ја намалат сопствената потрошувачка

- Оптимизирање на транспорт и логистика на вработените

- Подобрување на енергетската ефикасност на нашите објекти, работилници, магацини и канцеларии

- Зголемување на уделот на нефосилни и обновливи енергии

Индиректни емисии

- Намалување на нашите индиректни емисии предизвикани од зголемените активности за 20% помеѓу 2019 и 2030 година

- Унапредување со стратешки добавувачи на челик, леано железо и алуминиум

- Врз база на нашето силно локално присуство за набавка на материјали од локално производство се намалува и обемот транспорт

- Искористување на нашето интегрирано индустриско производство за подобра контрола на синџирот на снабдување

- Намалување на деловните патувања, користење на дигитални алтернативи каде што е можно.

Циркуларна (кружна) економија

Циркуларната економија е модел на производство и потрошувачка, кој вклучува споделување, лизинг, повторна употреба, поправка, обновување и рециклирање на постоечките материјали и производи што е можно подолго. На овој начин се продолжува животниот циклус на производите.

Зачувување на природните средини и биодиверзитетот

Целите на нашата компанија, на нашите производствени локации се:

- Подобрување на плановите за управување со животната средина на нашите работни места

- Поставување на план за биолошка разновидност за оптимизирање на отпечатокот и распоредот на работните места во однос на локалната фауна и флора

- Развивање на решенија за намалување на употребата на вода и нејзината повторна употреба

- Широко распространета употреба на еколошко или биоразградливо масло за опрема

Безбедност и управување со ризик во секое време

Целта „Zero Accident“ се однесува на целиот персонал кој работи на нашите локации, без разлика дали се вработени во Freyssinet, привремен персонал или подизведувачи. Нашите стандарди за безбедност и управување со ризик се применуваат во сите ентитети, дури и кога тие се со поголеми барања во споредба со локалните регулативи.

Високи безбедносни стандарди:

- Златни правила. Овие мора да се почитуваат на сите наши локации и при патување: безбедносни инструкции, употреба на лична заштитна опрема, услови за користење на телефонот, работа на височина итн.

- Технички безбедносни стандарди за активности кои вклучуваат високи ризици: работа на височина, работа во близина на сообраќај, операции за подигнување, употреба на електрична опрема итн.

- Менаџери за безбедност поврзани со оперативниот менаџмент на различни нивоа на организацијата (група, зона, деловни единици, работно место), чија мисија е да обезбедат совети и техничка експертиза, да ги идентификуваат ризиците и да помогнат во решавањето на проблемите.

Справување со ризици:

Со цел да се вклучат вработените, се користат голем број алатки и рутини во текот на животниот век на проектите:

- Безбедност во проектирање. Безбедноста е дел од целите на истражување и развој. Кога ги поднесуваме нашите понуди, ја детализираме нејзината интеграција во проектите на нашите клиенти и условите за нејзино спроведување.

- PreTask состаноци. Оперативните процедури дефинирани од инженерите за проектирање и градежништво се финализираат со раководството на градилиштата и се споделуваат со тимовите.

- PreStart состаноци. Состаноци кои се одржуваат секој ден, пред секоја смена: да се идентификуваат било какви несогласувања помеѓу планираните активноси и условите на локацијата( градилиште), и да се идентификуваат сите ризици и начинот на нивна контрола.