НАШАТА ГРУПАЦИЈА

Кои сме ние?

80 години иновации – специјализиран партнер за изградба и санации

Основана од Еуген Фресине, изумителот на преднапрегањето, компанијата Freyssinet обединува огромен дијапазон на градежни вештини.

Дејствувањето на компанијата, во улога на главен изведувач или подизведувач, во делот на изведувањето на нови работи, како и во делот на санациите, е во светски рамки, преку развиена мрежа на филијали во повеќе од 60 земји.

 

 

Од елаборација на инженерските решенија, до производството на материјалите и имплементацијата на техничките решенија на лице масто, Freyssinet му приоѓа на секој проект, без разлика на неговата големина, со истите принципи на висок квалитет на производи и изведба, иновативност и одржливост.

7,300 вработени во светски рамки

со повеќе од 60 земји во светот

со повеќе од 10.000 проекти годишно

Freyssinet е дел од групацијата Vinci – светска водечка компанија во делот на градежништвото и концесиите.

Soletanche Freyssinet

Која е нашата специјалност?

Изградба и санации

Изградба

- Коси кабли преку 300 реализирани проекти. Некои од нив: мост Нормандија - Франција, мост Мијо – Франција, мост Васко де Гама – Португалија, мост Рион Антирион – Грција, ВС Place стадион – Канада, Руски остров мост – Русија,...

- Преднапрегање : како неспорен пионер во областа на преднапрегањето, Freyssinet нуди комплетна гама на решенија со преднапрегање на јажиња и шипки, во сите области на градежништвото. Работејќи со сопствени, високо обучени екипи, Freyssinet гарантира висок степен на професионалност во изведувањето на работите, низ сите фази, од поддршка при проектирањето, па се до завршните фази на изведба.

- Дилатациони спојници: повеќе од 50 години, Freyssinet произведува и вградува дилатациони спојници, како патни и железнички, така и за згради. Компанијата нуди голем број на потврдено квалитетни решенија. Преку согледувања и инспекции на лице место и помош при проектирање, Freyssinet дава поддршка при дефинирањето на најсоодветните типови на дилатациони спојници, кои ги вградуваат обучени екипи. Компанијата исто така дава поддршка и во фазата на инспекција и одржување на дилатациони спојници во експолатација, со што придонесува кон намалување на трошоците за одржување и подобро планирање на инвестиционите зафати.

- Лежишта : Сите лежишта на Freyssinet имаат СЕ ознака. Тие се произведуваат “по мерка“ на проектите, а може да бидат изработени согласно различните светски стандарди.

- Сеизмичка заштита: Како пионер во развојот на анти-сеизмичката заштита, Freyssinet нуди голем број на специјални производи и на нив сродни услуги, познати под марката ISOSISM®

- Методи на изведба: Freyssinet е мултидисциплинарен партнер кој нуди решенија “клуч на рака“ за обезбедување на опрема и монтажа на горен строј, но и на цели конструкции, вклучително и столбови, плочи и заврчни работи, на лице место или како префабрикувани сегменти.

 

Санации и зајакнувања

- Редовно одржување, интервенции во услови на итност, санации на дилатациони спојници

- Одржување и санации на коси кабли, изведување на надворешно преднапрегање

- Замена на лежишта

- Зајакнување на конструкциите преку анти-сеизмичка заштита

- Структурни зајакнувања на мостови, згради, објекти од култуното наследство, индустриски објекти, тунели, водна инфраструктура,... преку програмата Foreva®

 

НАШИТЕ ЗАЛОЖБИ

Нашата корпоративна општествена одговорност ни е исто толку важна како и нашите перформанси. Секогаш ја стававме безбедноста и благосостојбата на луѓето во срцето на нашите постапки. Посветени сме да го намалиме нашиот еколошки отпечаток и да помогнеме во справувањето со денешните предизвици. Преку своите постоечки, но и преку развојот на нови технологии и методи, Freyssinet перманентно работи на намалување на влијанието на градежните работи врз животната средина, преку намалување на употребата на фосилни горива и електрична енергија и зголемување на процесот на употреба на рециклирани материјали.

 

FREYSSINET СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Freyssinet Северна Македонија е подружница на Freyssinet во Македонија, која ги покрива и Албанија и Косово.

Основана во 2001 година како претставништво одговорно за комерцијалните активности на територијата на целиот Балкански регион под името Freyssinet Балкан, претставништвото во 2013 се трансформира во пордужница и започнува со изведување на активности во зоната која ја покрива.

Активностите на Freyssinet во регионот вклучуваат: преднапрегање, изведување на коси кабли, дилатации и лежишта, сеизмичка заштита, рехабилитација и санација на објекти...